ПОВИК ЗА ВОЛОНТЕРИ

Почитувани пријатели, Со гордост објавуваме дека започнавме со реновирање на кровот на канцеларијата во нашиот Дом на Млади! Како извидници сме пример за волонтерство и волонтерска сила која активно се вклучува во сите акции и иницијативи, а сега е моментот да се вклучите и вие! Активно работиме на средување на нашите простории секој ден во периодот од 07:00 до 12:30 на пладне и од 15:30 до 20:00 часот навечер. Секој кој сака и може да помогне, да волонтира ве молиме најавете го вашето присуство на +389 78 437 876. Вашата поддршка значи многу за нас и за заедницата. Секоја ваша помош е од срце добредојдена!

БАРАМЕ ВОЛОНТЕР ФОТОГРАФ / ВИДЕОГРАФ!

Помогни ни да ја документираме трансформацијата! Нашата канцеларија во Дом на Млади влегува во процес на реновирање, а ние сакаме тој процес да го овековечиме! Бараме креативен и мотивиран волонтер фотограф и/или видеограф кој ќе ни помогне да го документираме целиот процес – пред, за време и по реновирањето.

ЧЕКОР ПО ЧЕКОР ДО ЦЕЛТА

Вредно работиме на кровот од нашата канцеларија – местото каде што се раѓаат извиднички соништа. Градиме покрив, но и посветла иднина за нашето извидничко семејство. Благодарност до European Scout Foundation & Alpcan Candan Следете нè - најдоброто допрва доаѓа! https://www.youtube.com/shorts/PW15CgoEgEk

ПРВИОТ ЧЕКОР Е ЗАВРШЕН ✔️

10 неуморни, најжешки денови под жешкото сонце – со полни срца и волја поцврста од бетон – го обновивме кровот на нашиот извиднички дом во Дом на Млади! Ова не е само кров.
Ова е симбол на нашата посветеност за подобро утре.. обврска – кон себе, но и кон другите!
Се исфрлија 3.000+ керамиди – се наредија нови.
Се исфрлија 1.000+ метри летви – се исковаа нови.
Се исковаа даски.
Се исфрли шут.
Се потрошија 25+ кг шајки.
Се згазнаа шајки – ама не плачевме!
Се потрошија залихи, калории, шајки и летви – ама не и нашата енергија!
На кровот – пот, под него – насмевки. А помеѓу нив?
Љубов, среќа, сплотеност, истрајност. 53 неуморни волонтери со една идеја и една мисла: подобро утре и нов дом!
Овој објект повторно добива живот благодарение на луѓе кои веруваат во промени, во мисија и визија. Благодарение на тие што препознаваат позитивна енергија и искрена мисла.
Благодарност до European Scout Foundation, Сојуз на извидници на Македонија - Scout Association of Macedonia, Општина Штип Македонија, благодарност до сите кои оставија трага – буквално и симболично.
Овде не е крајот – ова е само почетокот!
Следуваат: прозори и врати, под и плафон, струја и вода, веце и кујна… и што ли уште не!?
Останете подготвени – продолжуваме понатаму!
Со љубов,
од сите извидници на ИО Еквинокс до сите вас!
Со извиднички поздрав – ЗДРАВО!
*поддржано од Европска Извидничка Фондација“/„supported by the European Scout Foundation
**поддржано од Општина Штип

5 години ИО Еквинокс!

  • Што? Следува нешто што ќе расте! #Бавча360
  • Кога? 20 Јуни 2025
  • Разгледај нешто повеќе: