Повик за учеснички/ци на 3 дневна обука за млади
за обезбедување услуги – сместување на учесници за настан
ИО Еквинокс преку проектот „Action Girls! – Девојки во акција!“ објавува јавен повик за учество на 3-дневна едукативна обука, наменета за млади на возраст од 15 до 29 години, со предност за млади девојки од Општина Штип.
Целта на обуката е зајакнување на капацитетите на младите жени за активно учество во процесите на мониторинг, транспарентност и отчетност на локалната самоуправа, како и запознавање со механизмите за вклучување на младите во процесите на донесување одлуки на локално ниво.
Обуката ќе се одржи во Извиднички Центар „Орел“, Свети Николе во периодот од 27.2.2026 до 1.3.2026 година.
🎯 Што ќе опфати обуката?
Обуката ќе се реализира во природа, преку интерактивни работилници и практични сесии, и ќе ги опфати следните теми:
Основи на мониторинг и отчетност;
Транспарентност и работа на локалната самоуправа;
Пристап до информации од јавен карактер;
Механизми за учество на младите во носење одлуки;
Комуникација и застапување на интересите на младите.
Со поддршка од ангажиран експерт, учесничките/ците ќе имаат можност активно да придонесат и во развивање на конкретни препораки за унапредување на комуникацијата и транспарентноста на локалните институции кон младите.
👩🎓 Кој може да се пријави?
Млади на возраст од 15 до 29 години;
Предност ќе имаат млади девојки од Општина Штип;
Лица мотивирани за активно граѓанско учество и општествени промени.
📌 Што обезбедува организаторот?
Целосна организација на обуката;
Превоз, сместување и храна за време на обуката;
Работни и промотивни материјали;
📝 Како да се пријавите?
📝 Пополни ја апликацијата (Google Form)
Заинтересираните кандидати потребно е да ја пополнат оваа онлајн пријава, која вклучува и кратка мотивација за учество.
По завршување на рокот за пријавување, ќе биде извршена селекција на 15 учеснички/ци, кои ќе бидат дополнително контактирани. Рокот за пријавување е заклучно со 24.2.2026 година.