ЈАВЕН ПОВИК за ангажирање експерт – предавач

Проект: „Action Girls! – Девојки во акција!“

Во рамки на проектот „Action Girls! – Девојки во акција!“, се објавува јавен повик за ангажирање експерт – предавач за реализација на 3-дневна едукативна обука и подготовка на аналитички документ со препораки. Проектот има за цел зајакнување на капацитетите на младите жени од Општина Штип за активно учество во процесите на мониторинг, транспарентност и отчетност на локалната самоуправа, како и унапредување на механизмите за учество и консултации на локално ниво. Со цел стекнатото знаење кај младите девојки да биде квалитетно, применливо и трајно, предвидено е ангажирање на лице со релевантно искуство и експертиза во областа.
🎯 Опис на ангажманот Ангажираниот експерт – предавач ќе биде одговорен за: Подготовка и реализација на едукативни сесии и работилници во рамки на 3-дневната обука;
Подготовка на агенда за настанот;
Покривање теми поврзани со:
мониторинг и отчетност;
транспарентност на локалната самоуправа;
пристап до информации од јавен карактер;
механизми за консултација и активно вклучување на младите во процесите на донесување одлуки;
Подготовка на документ со најмалку 5 конкретни препораки за унапредување на транспарентноста и комуникацијата помеѓу локалната самоуправа, институциите и младите;
Креирање на документот врз основа на:
спроведено истражување со најмалку 100 испитанички, и резултатите и дискусиите од 3-дневната обука.
👤 Профил на експертот
Кандидатите треба да имаат:
Релевантно искуство од најмалку 5 години во областа на граѓанско учество, младински политики, мониторинг, транспарентност или добро владеење;
Релевантно искуство од најмалку 3 години во подготовка и реализација на обуки, работилници или едукативни процеси;
Искуство во изработка на анализи, препораки или стратешки документи;
Искуство во работа со млади, особено млади жени, ќе се смета за предност.
💼 Времетраење и финансиски услови
Вкупно времетраење на ангажманот: Експертот предавач ќе биде ангажиран за реализирање на три дневна обука и подготвување на документот со предлог мерки за зголемување на транспарентноста и механизми за консултација и вклучување на младите во донесување одлуки на локално ниво врз основа на претходно направено истражување со опфатени најмалку 100 испитанички; Во рамки на проектот е предвиден финансиски надоместок од вкупно 12 000 денари;
📝 Начин на пријавување
Заинтересираните кандидати потребно е да ги достават следниве документи на ekvinoks.scouts@gmai.com / darkoscout1313@gmail.com :
Кратка професионална биографија (PDF);
Кратка мотивација / опис на релевантно искуство (PDF);
Финансиска понуда (до 1 страница);
Повикот трае од 9.2.2026 до 20.2.2026 година. Избраниот кандидат ќе биде контактиран за понатамошна координација и договор.

ЈАВЕН ПОВИК за ангажирање експерт – предавач

  • Што? ЈАВЕН ПОВИК
  • Кога? 9.2.2026 до 20.2.2026 година
  • Разгледај нешто повеќе: