ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДИ

за обезбедување услуги – сместување на учесници за настан

Почитувани,
Во рамки на реализацијата на проектот „Action Girls! - Девојки во акција!“, ИО Еквинокс објавува повик за доставување понуди за обезбедување услуги за сместување на учесници за потребите на проектен настан.
Целта на овој повик е избор на економски најповолна понуда која ќе обезбеди соодветни услови за престој и реализација на едукативните активности предвидени со програмата.

1. Предмет на набавката
Предмет на набавката е обезбедување услуги за:
Сместување на група учесници (младинска група и придружен тим);
Обезбедување на храна (3 оброци) и кафе пауза со безалкохолни пијалоци;
Користење на заеднички простор за работа (сала/училница) за реализација на работилници;
Основни услови за престој (санитарии, електрична енергија, греење/ладење по потреба);
Можност за користење надворешен простор за младински активности;
Организациска поддршка за непречено одвивање на настанот.
2. Период и локација на реализација
Планиран датум на одржување: 27.2.2026 - 1.3.2026
Број на ноќевања: 2
Вкупен број на лица: 18

3. Минимални технички услови
Понудувачот треба да обезбеди:
Доволен сместувачки капацитет за групно или поединечно сместување;
Соодветна исхрана на база на полн пансион (доручек, ручек и вечера за учесниците и тимот);
Чисти и функционални простории;
Простор погоден за едукативна работа (затворен простор со можност за групна работа);
Безбедна средина со пристап до основна инфраструктура;
Флексибилност за прилагодување на потребите на младински настан.

4. Содржина на понудата
Понудата треба да содржи:
Основни податоци за понудувачот;
Опис на капацитетите (сместување и работни простории);
Финансиска понуда (цена по лице / по ноќевање или вкупна цена);
Вклучени услуги во цената;
Лице за контакт.

5. Критериуми за избор
Изборот ќе се врши врз основа на:
Вкупна цена на услугата;
Квалитет и соодветност на условите;
Исполнување на техничките барања;
Практичност на локацијата и капацитетот;
Искуство во работа со младински групи (доколку е применливо).

6. Начин и рок за доставување понуди
Понудите треба да се достават по електронски пат на:
📧 ekvinoks.scouts@gmail.com / darkoscout1313@gmail.com
Времетраење на повикот: 9.2.2026 - 20.2.2026 година.
Со назнака:
„Понуда за сместување – Action Girls!“
Понудите се доставуваат во сопствен темплејт или темплејтот што е прикачен како анекс на овој документ.
Ненавремено доставените понуди нема да бидат разгледувани.

7. Дополнителни информации
ИО Еквинокс го задржува правото да побара дополнителни информации, да прифати или одбие било која понуда, како и да не избере понудувач доколку понудите не ги исполнуваат бараните услови или буџетската рамка.

Ви благодариме на интересот и соработката.
Со почит,
Дарко Тошиќ
ИО Еквинокс

Прилози:
📄 Темплејт за понуда (DOCX)
📄 Анекс документ (PDF)

ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДИ

  • Што? #Бахче360
  • Кога? 20 Јуни 2025
  • Разгледај нешто повеќе: