Извидникот - херој на заедницата!
Најхуманиот чин кој еден човек може да го направи е да спаси нечиј живот! Затоа извидниците ширум Македонија организираат крводарителски акции водејќи се по извидничкиот принцип ,,Обврска кон другите " и придонес за заедницата.
По тој повод ве каниме да ја покажеме нашата хуманост, да вратиме на заедницата и на 21.2.2023 година во просториите на Црвен Крст - Штип во периодот од 10:00 до 15:00 часот да даруваме крв и да го направиме Штип подобро место за живеење!