Следува нешто што ќе расте! #Бахче360

На 20 јуни 2025 година го потпишавме договорот за поддршка на нашиот локален проект кој го насочуваме кон одржливи практики, едукација и зелени решенија во заедницата. Нашата цел e да ги инспирираме младите (и не само нив!) да бидат дел од една поздрава, поеколошка иднина. Благодарност до Farm to Fork Academy, Rural Development Network of North Macedonia и поддржувачите на оваа иницијатива – се радуваме што сме дел од оваа инспиративна група организации кои работат за одржливи системи за храна и егзистенција! Помеѓу 8-те доделени грантови од Академијата ,,Од фарма до вилушка”, на 20 јуни 2025 година, за спроведување локални проекти иницирани од граѓански организации и ЛАГ-ови, поктај нашиот одред се најдоа и ЛАГ Плачковица, ЛАГ Бојмија, Здружение На Земјоделци Агромаџо, Здружение Агро-Еко Радовиш, Хорти Еко, Билкилајф и Регионалниот центар за застапување - Делчево.

Следува нешто што ќе расте! #Бахче360

  • Што? #Бахче360
  • Кога? 20 Јуни 2025
  • Разгледај нешто повеќе: