5 години ИО Еквинокс!

Пред точно пет години започна нашето извидничко патешествие кога Штип и официјално зачекори во извидничките води. Пет години подоцна зад себе оставаме многу смотри, кампови, настани, работилници, школи, состаноци и безззброоооојј неделни состаноци и незаборавни моменти! Еквинокс не е само одред, Еквинокс е чувство на припадност, фамилија и брат и сестра. Еквинокс е љубов! Огромна благодарност до сите основачи, водачи, волонтери, членови, родители, партнери, поддржувачи. Огромна благодарност до сите кои искрено и несебично се вложуваат оваа идеја да трае и да се шири. Кон нови успеси, со нови сили и многу љубов! Ве сака ИО Еквинокс! Со извиднички поздрав ЗДРАВО!

5 години ИО Еквинокс!

  • Што? 5 години ИО Еквинокс!
  • Кога? 14 Март, 2023
  • Разгледај нешто повеќе: